СКОПЈЕ СЕ СПРЕМА ЗА ПРЕЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА Градоначалникот Ѓорѓиевски најави прослава каква што доликува на метропола

Скопје годинава ќе добие новогодишна прослава каква што доликува на метропола, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Со ребаланс на буџетот ќе се обезбедат средства за украсување и организација на пречекот на Новата година.
Во врска со истрагите за можни злоупотреби, Ѓорѓиевски рече дека Градот соработува со Финансиската полиција и откри дека околу 500 лица биле отстранети од списоците на вработени, бидејќи земале плата без да одат на работа.
CATEGORIES Македонија


