СКОПЈЕ НА ИЗБОРИ – Јовановски од Единствена Македонија, Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, Шукова од СДСМ

За споредба, на локалните избори во 2021 година имаше 12 кандидатури за градоначалник и 95 советнички листи, што значи дека годинава интересот е уште поголем.

СКОПЈЕ НА ИЗБОРИ – Јовановски од Единствена Македонија, Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, Шукова од СДСМ
Фото: Национал

На претстојните локални избори на 19 октомври, Скопје ќе избира нов градоначалник меѓу рекорден број кандидати. Од Единствена Македонија влегува Зоран Трајковски кој ветува дека Москва ќе ја донесе во Скопје, Орце Ѓорѓиевски поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Каја Шукова поддржана од СДСМ и коалицијата, Драган Николовски поддржан од група избирачи, како и Сашо Маневски, Амар Меционовиќ од Левица, Демир Исмаил од Сојузот на Ромите, Владимир Куноски од Работничка партија, Александар Тортевски од Партија Твоја, Срџан Амет од Политичка партија Унија на Роми Скопје, Александар Трајановски поддржан од ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР, Вангел Божиноски од Родина Македонија, Скендер Реџепи поддржан од коалицијата предводена од ДУИ, Владимир Трајковски од Македонска ера трета/Македонски независни листи-Суверенисти, Горан Марковски поддржан од Независни заедно и Александар Рашковиќ од ТМРО.

За споредба, на локалните избори во 2021 година имаше 12 кандидатури за градоначалник и 95 советнички листи, што значи дека годинава интересот е уште поголем.

Од полноќ кампањата официјално стартуваше – медиумите и социјалните мрежи веќе се преплавени со програми, ветувања и промотивни видеа, а градот со билборди. Кому ќе му дадат доверба скопјани ќе се знае на 19 октомври, а евентуалниот втор круг е закажан за 2 ноември.

CATEGORIES
TAGS
Share This