СКОПЈЕ И НАТАМУ ВО ПРОБЛЕМИ Граѓани, болници и институции без вода со денови

СКОПЈЕ И НАТАМУ ВО ПРОБЛЕМИ Граѓани, болници и институции без вода со денови

Од крајот на јуни, делови од Скопје се соочуваат со зголемена нестабилност во водоснабдувањето – прекини, слаб притисок и целосен недостиг на вода. Причините, според експертите, се комплексни: прекумерна потрошувачка, дотраена мрежа, диви приклучоци и урбанистички хаос без водна логика.

Граѓаните од високите зони известуваат дека остануваат без вода со часови, па и цели денови, додека други се жалат на слаб притисок дури и во ноќните часови. Проблемот не ги заобиколува ниту институциите – Македонската радио телевизија и Детската белодробна болница во Козле, исто така, функционираат со сериозни ограничувања.

ЈП „Водовод и канализација“ најавува решенија за следната недела, но Владата вели дека не е надлежна за проблемот. Во меѓувреме, експертите предупредуваат: Скопје се гради како да има неограничени водни ресурси – а реалноста покажува спротивно.

CATEGORIES
Share This