СКЛУПТУРИТЕ НА ЕФТИМОВСКИ ПРИСТИГНУВААТ ВО МКЦ Модерна уметност за илјадници посетители
Проектот е во координација со ликовниот директор на МКЦ, Горјан Ѓоргиев, и има за цел да ја приближи современата уметност до публиката, инспирирано од концептот на музејот МоМА во Њујорк.

Македонскиот автор Александар Ефтимовски, со големо интернационално искуство и скулптури поставени во повеќе од 30 држави, ќе ги постави своите дела трајно во просториите на МКЦ Скопје.
Скулптурите „Секвенца“, „Овални меки“ и „Импулс“ се изработени од метал, со големина од 1 метар на секоја страна. Површината е третирана со оксидација која создава кафено–портокалова нијанса и ефект на „Chiaroscuro“, додавајќи динамика и илузија на третата димензија.
Проектот е во координација со ликовниот директор на МКЦ, Горјан Ѓоргиев, и има за цел да ја приближи современата уметност до публиката, инспирирано од концептот на музејот МоМА во Њујорк. Дела се очекува да бидат видени од повеќе од 10 илјади посетители во текот на една година, за време на концерти, филмски проекции и изложби.
Ефтимовски претходно ги претставувал своите скулптури на изложбите „Фрагментум“ и „Точки на гледиште“, а активно работи и на дела за изложбата „Магна Матер“ во МЦ Галеријата во Њујорк. Проектот е реализиран со сопствени средства на авторот и поддршка од Општина Центар, МКЦ, Борјан Сандревски и фамилијата Ефтимовски.


