СКАРЛЕТ ЈОХАНСОН БЛЕСКА ВО „ДИНОСАУРСКИ“ СТИЛ премиера на „Jurassic World Rebirth“ во Берлин
Со овој моден избор, Јохансон уште еднаш докажа зошто е меѓу најдобрите на црвениот тепих – цела 10-ка за стилот!

Актерката Скарлет Јохансон привлече големо внимание на премиерата на филмот „Jurassic World Rebirth“ во Берлин, појавувајќи се на црвениот тепих во моќно и тематски усогласено модно издание.
Таа носеше тесен црн корсет-фустан од „Balmain“, инспириран од текстурата на рептилска кожа – јасна алузија на диносаурусите, главните „ѕвезди“ на новиот филм. Фустанот ја нагласи нејзината елегантна фигура, со длабок изрез во облик на срце и впечатливи златни копчиња, кои додадоа луксузен контраст.
Комбинацијата беше дополнета со елегантни црни високи потпетици, а златните обетки се совршено надоврзаа на деталите на фустанот. Скарлет се одлучи за минималистичка шминка и едноставна фризура, со што целиот изглед делуваше софистицирано и беспрекорно стилски.


