СКАНДАЛОЗНА ИЗЈАВА НА АХМЕТИ Албанците имаат антички корени, сè на Балканот било албанско

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, предизвика бурни реакции со својата најнова политичка реторика, настапувајќи со тврдења за наводните антички корени на Албанците на Балканот.

СКАНДАЛОЗНА ИЗЈАВА НА АХМЕТИ Албанците имаат антички корени, сè на Балканот било албанско

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, предизвика бурни реакции со својата најнова политичка реторика, настапувајќи со тврдења за наводните антички корени на Албанците на Балканот.

Говорејќи пред поддржувачи во Струга, Ахмети изјави дека „сè што е на Балканот од средниот век е дел од албанската историја“, при што меѓу значајните историски личности ги вброи и Константин Велики, Јустинијан Први и основачот на Охридската архиепископија.

„Мора да биде јасно дека Албанците придонеле за културата на Балканот, Европа и светот,“ истакна Ахмети, алудирајќи на поширокото културно и историско влијание на албанскиот народ.

Иако ваквите тези не се нови меѓу одредени албански академски кругови, особено во Албанија, ова е првпат политичар од Македонија јавно да ги изнесе како дел од својата реторика. Изјавите веднаш беа оценети како ултранационалистички од страна на политички аналитичари, кои го сметаат ваквиот настап за очајнички обид да се мобилизира етничкото гласачко тело.

Историчарите, пак, недвосмислено ги отфрлаат ваквите тврдења, оценувајќи ги како неосновани и спротивни на научно потврдени факти. Според нив, Албанците не се дел од античките етноси на овие простори, туку нивното населување на Балканот се случува неколку века подоцна.

Политичката порака на Ахмети доаѓа во време на зголемени етнички тензии и предизборни калкулации, што дополнително ја интензивира дебатата околу улогата на националната историја во современиот политички дискурс.

CATEGORIES
Share This