СКАНДАЛИ, ТАЈНИ И ОТКРИТИЈА – Седум новинари што ја потресоа јавноста

Наградата Никола Младенов ги инспирираше оваа година истражувачките стории што ја тресат Македонија.

СКАНДАЛИ, ТАЈНИ И ОТКРИТИЈА – Седум новинари што ја потресоа јавноста
Фото: Принтскрин

Седум новинари и истражувачки тимови ги поделија трите награди за најдобри стории на јубилејното, 25-то издание на наградата за истражувачко новинарство на Македонскиот институт за медиуми (МИМ), која од 2013 година го носи името на познатиот новинар Никола Младенов.

Првата награда ја освоија сториите што ги истражуваа причините за пожарот во дискотеката во Кочани:

  • Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) за сторијата „Кочани нашиот морален компромис“
  • Тимот на емисијата „КОД“ на телевизија Телма за серијалот истражувања на оваа тема
  • Ирена Мулачка од „Фокус“ за текстот што откри таен сопственик на агенцијата „Рубикон“

Втората награда ја добија:

  • Тимот на Призма/БИРН Македонија за дата-базата „Верски имоти под лупа“ и истражувањата што произлегоа од неа
  • Александар Методиев и Сузана Мицева за серијалот „Јаглен на раскрсница“

Третата награда ја поделија:

  • Фисник Џелили, за сторијата за злоупотреби на средства за третман на кучиња-скитници во Тетово, објавена на порталот „Порталб“
  • Александар Димитриевски, за сторијата „Полициските специјалци ќе ги облекува модно женско студио и фирма регистрирана пред тендерот“, објавена во телевизискиот магазин „360 степени“

Пофалници за истакнат новинарски ангажман добија: Мирослава Симоновска и Фросина Факова-Серафиновиќ од „Слободен печат“, како и Бјанка Станковиќ, Славица Филиповска Иванова и Михаил Милошевски од „360 степени“.

CATEGORIES
Share This