СКАНДАЛ ВО СЕВЕРНА МИТРОВИЦА Српски деца без дозвола фотографирани со знамиња на Косово

Настанот доаѓа во време на зголемени тензии меѓу локалното српско население и косовските институции, а повиците за внимателност и одговорност стануваат сè погласни.

СКАНДАЛ ВО СЕВЕРНА МИТРОВИЦА Српски деца без дозвола фотографирани со знамиња на Косово
Фото: Принтскрин

Нов инцидент ја вознемири јавноста на северот од Косово, откако денеска на градското шеталиште во Северна Митровица, на група српски деца им биле делени знамиња на т.н. држава Косово, без претходна согласност од нивните родители. Настанот предизвика бурна реакција кај граѓаните и родителите, кои беа присутни во моментот.

Според соопштението на Српската листа, ваквото однесување претставува „грубо прекршување на правата на децата и меѓународните конвенции за нивна заштита“. Тие истакнуваат дека станува збор за „планирана политичка акција со цел провокација на српската заедница и нарушување на мирот и безбедноста во српските средини“.

Од партијата наведуваат дека децата се користат како алатка во политичките пресметки на властите во Приштина, а дека институциите кои треба да ја гарантираат нивната заштита, во овој случај затаиле.

Српската листа упати итен повик до меѓународните организации, вклучително УНИЦЕФ, ЕУ, ОБСЕ и Обединетите нации, барајќи осуда за ваквите постапки. Тие предупредуваат дека ваквите случувања дополнително ја влошуваат веќе кревката безбедносна состојба во регионот.

Во соопштението, партијата повторно го поставува барањето за засилено присуство на меѓународните мисии ЕУЛЕКС и КФОР во српските подрачја, обвинувајќи ја косовската полиција за политичка пристрасност и злоупотреба на службената позиција во интерес на, како што велат, „режимот на Аљбин Курти“.

Настанот доаѓа во време на зголемени тензии меѓу локалното српско население и косовските институции, а повиците за внимателност и одговорност стануваат сè погласни.

CATEGORIES
Share This