СКАНДАЛ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Брат на шефицата на Кривичен суд се спомнува во корупција со „Пулс“ а не е обвинет

Јавното обвинителство побрза со реакција - велат дека доказите се земени предвид, а проверките сè уште траат.

СКАНДАЛ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Брат на шефицата на Кривичен суд се спомнува во корупција со „Пулс“ а не е обвинет
Фото: Принтскрин

Даниела Димовска, која иако беше единаесетта по бодови, на 3 јули беше избрана за претседател на Кривичниот суд во Скопје. Само две недели подоцна, токму овој суд го доби предметот за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.

ИРЛ открива во обвинението магично ги нема инспекторите од УЈП, иако газдата на клубот Деко им делел мито и подароци. Меѓу нив, според наводите, е и братот на самата претседателка на судот, Даниела Димовска!

Ова не е првпат името на Димовска да предизвикува контроверзии. Таа одбивала да суди предмети против ВМРО-ДПМНЕ, но без проблем го осуди Стевче Јакимовски. Потсетуваме, во минатото била и асистент на пратеници од истата партија во Собранието.

Документарецот на ИРЛ за трагедијата во Кочани ја тресе јавноста: сопствениците на „Пулс“ однапред биле предупредувани за контроли, а инспектори земале подароци часовници, па дури и барале резервирани маси во клубот.

Јавното обвинителство побрза со реакција – велат дека доказите се земени предвид, а проверките сè уште траат. Но, објаснуваат дека УЈП има надлежности само за даночни и финансиски прашања, не и за безбедносни, па затоа инспекторите не се опфатени во обвинението за „Тешки дела против општата сигурност“.

„Нема да се прикрие ништо, сè е во Судот и ќе се истражи до крај“, порачаа обвинителите, предупредувајќи дека шпекулациите можат да ја загрозат постапката.

CATEGORIES
TAGS
Share This