СКАНДАЛ ВО НАЈАВА – Опра му нуди 1,5 милиони долари на Басти ако проговори за сѐ – живот, падови и разводот на бракот со Ана
Тимот на Опра со недели се обидува да стапи во контакт со германската ѕвезда, нудејќи милионска сума за ексклузивно интервју.

Приказната за наводниот таен повик што легендарната американска водителка Опра Винфри го упатила до Бастијан Швајнштајгер веќе предизвикува вртлог во холивудските кругови.
Поранешниот капитен на германската репрезентација и, пред сѐ, поранешен сопруг на Ана Ивановиќ се најде на врвот на листата желби за „најинтимната сезона досега“ на Опра. Сумата што се спомнува за ова гостување е вртоглава: дури 1,5 милиони евра!
Наводно, Винфри подготвува посебна сезона посветена на моќни лични приказни, а според луѓе блиски до продукцијата, животниот пат на Швајнштајгер е „материјал за филм“.
Тимот на Опра со недели се обидува да воспостави контакт со неговите агенти.
„Опра двапати го побарала преку агенти и ПР-менаџери. Фасцинирана е од неговиот мирен карактер и од изборите што ги правел низ животот. Верува дека преку Басти добива приказна за подеми, падови, семејство и трансформација“, открива извор близок до преговорите.
Особен интерес кај Винфри предизвикува начинот на кој Швајнштајгер го изгради новиот идентитет по Светското првенство, заминувањето од Баерн, преселбите, но и неговиот приватен живот вклучително и емотивниот дел: изневерувањето и разводот од Ана Ивановиќ.
Информацијата за повикот на Опра брзо стигнала до Ана, а според нејзиното семејство, телефонот „ѝ експлодирал“.
Иако по разводот и Швајнштајгер и Ивановиќ продолжија со нови животни патеки, нивниот брак сѐ уште е една од најследените романтични приказни во спортскиот свет – од раскошната венчавка во Венеција во 2016 година до подоцнежните тивки таблоидни шпекулации.
„Ана отсекогаш избегнувала сензационализам, особено американски медиумски притисок. Живее мирно, посветена е на семејството. Сепак, свесна е дека нивната приказна сѐ уште го интересира светот. Се надева само дека Опра нема да инсистира на најинтимните детали“, вели извор од семејството.
И додека многу делови од нивниот брак остануваат мистерија, токму тоа е „златото“ што Опра го бара. Ако Бастијан ја прифати поканата и се појави во нејзиното студио – целиот свет повторно ќе зборува за него и за Ана.


