СКАНДАЛ ВО ХАНОЈ, БРИЖИТ СО ВОСПИТНА ЗА МАКРОН – Сопругата го „освежи“ претседателот со шамар пред новинарите
Во отсуство на дополнителни информации или објаснувања од страна на брачниот пар Макрон, инцидентот продолжува да биде предмет на дискусија, шпекулации и политички интерпретации.

Инцидент ја одбележа посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Виетнам. Во моментот на неговото пристигнување во Ханој се гледа необична и потенцијално непријатна сцена – неговата сопруга, Брижит Макрон, во моментот кога претседателот се подготвува да излезе од авионот, со двете раце го допира по лицето во движење што се личи како шлаканица.
На снимката се гледа како вратата на претседателскиот авион се отвора, по што се појавува претседателот Макрон. Во тој момент, рацете на неговата сопруга се појавуваат одвнатре и го допираат по лицето. Иако дел од јавноста ова го толкува како шеговит гест, други сметаат дека станува збор за сериозен момент.
Елисејската палата првично реагираше со сомнеж за автентичноста на видеото, наведувајќи дека можеби станува збор за содржина генерирана со вештачка интелигенција. Но, неколку часа подоцна, официјален претставник ја потврди веродостојноста на снимката, со кратко соопштение дека „нема ништо невообичаено ниту непристојно во гестот“.
„Госпоѓа Макрон само се пошегува со сопругот пред да излезат од авионот. Не станува збор за шлаканица, туку за интимен и моментален гест меѓу брачен пар,“ се вели во изјавата на претседателската служба.
На излегувањето од авионот, Макрон се чини дека е изненаден, но веднаш се насмевнува и мавта кон насобраните новинари и официјални лица. При спуштањето по скалите, тој ѝ подава рака на сопругата, но таа се решава да се држи за оградата, што дополнително предизвика шпекулации.
Во отсуство на дополнителни информации или објаснувања од страна на брачниот пар Макрон, инцидентот продолжува да биде предмет на дискусија, шпекулации и политички интерпретации.


