СКАНДАЛ ВО ЕУ – Федерика Могерини приведена за финансиска измама
Белгиската полиција ја приведе поранешната висока функционерка на ЕУ во истрага за измама

Фото: Принтскрин
Белгиската полиција ја приведе Федерика Могерини, поранешната шефица за надворешна политика на Европската унија, во рамки на истрага за измама.
Претходно, Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител соопшти дека биле извршени претреси во седиштето на Службата за надворешна акција на ЕУ, како и на Колеџот на Европа во Бриж, во контекст на истрагата за злоупотреба на средства.
Могерини моментално ја извршува функцијата ректорка на Колеџот на Европа.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест


