СКАНДАЛ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ТЕТОВО – Исплатени незаконски 120 илјади евра

Дел од вработените признаа вина, но казните се сведоа на симболични износи

СКАНДАЛ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ТЕТОВО – Исплатени незаконски 120 илјади евра
Фото: Национал

Центарот за социјални работи во Тетово е во центарот на голем криминален скандал за незаконско доделување на различни надоместоци, како социјални пензии, туѓа нега и надоместоци за попреченост. Досега во касата на институцијата се вратени 120 илјади евра, кои биле незаконски исплатени на лица што не ги исполнувале условите и лажно се пријавувале како корисници.

Минатата година Обвинителството во Тетово исто така постапувало против дел од вработените во центарот, кои биле обвинети. Откако признале вина и ги отстранале штетните последици од своите постапки, тие се „извлекле“ само со плаќање по 18 илјади денари во буџетот.

Некои од овие лица денеска се раководители, иако немаат право да потпишуваат службени документи. И покрај тоа, често се под дисциплински постапки, но се извлекуваат поради тоа што дисциплинската комисија во Центарот ги оценува позитивно.

CATEGORIES
Share This