СКАНДАЛ НА СВАДБАТА НА БРУКЛИН БЕКАМ – Мајка му го „украде“ првиот танц

Викторија танцувала со синот на начин кој гостите го нарекоа непристоен, додека Никола останала тажна целата вечер

СКАНДАЛ НА СВАДБАТА НА БРУКЛИН БЕКАМ – Мајка му го „украде“ првиот танц
Фото: Принтскрин

Според извори блиски до семејството, свадбениот танц на Бруклин и Викторија Бекам предизвика големо внимание и контроверзии.

„Бруклин беше многу засрамен, а неговата сопруга беше посрамотена и гневна… Викторија танцуваше со него многу непристојно. Танцот повеќе личеше на романтичен момент меѓу партнери, отколку на мајка и син“, изјавува еден од присутните.

Дејвид и Викторија Бекам сè уште молчат за неодамнешните објави на Бруклин, во кои тој тврди дека семејството го контролирало и се однесувало лошо кон неговата сопруга Никола, дури и кога таа покажувала почит. Еден од моментите што најмногу привлече внимание е тврдењето дека мајка му му го „украла“ првиот свадбен танц и дека танцот бил непристоен.

Според извори кои биле на свадбата Викторија го доближила лицето до вратот на Бруклин и го танцувала на начин кој гостите го сметале за непристоен. Никола била посрамотена и дури излегла од салата во солзи, а кога се врати, останала тажна целата вечер. Танцот траел неколку минути и создавал непријатна атмосфера меѓу гостите.

Дури и еден од диџеите потврди дека Бруклин зборува вистина:

„Бев таму, танцуваше непристојно, Бруклин ја кажува вистината“, напиша тој на Инстаграм.

Некои извори додаваат дека Бруклин и Никола веќе го имале својот прв танц кога Марк Ентони се качил на сцената за да пее. Според нив, во моментот кога Марк ја повикал Викторија, Бруклин и Никола требало да го играат првиот танц, но тоа се префрлило во друг контекст.

CATEGORIES
Share This