СИТИ НАЈДЕ ЗАМЕНА ЗА ЕДЕРСОН – Трафорд е нов голман на “Граѓаните”

СИТИ НАЈДЕ ЗАМЕНА ЗА ЕДЕРСОН – Трафорд е нов голман на “Граѓаните”

Манчестер Сити ја обезбеди замената за голманот Едерсон, кој се очекува да го напушти „Етихад“ ова лето. Новото засилување под стативите доаѓа од Барнли – 21-годишниот Џејмс Трафорд.

Англиските медиуми пренесуваат дека „граѓаните“ за Трафорд платиле 40 милиони фунти, а трансферот бил лично инициран од менаџерот Пеп Гвардиола, кој инсистирал токму тој да биде наследникот на Бразилецот.

Трафорд всушност не е странец за Манчестер Сити – тој е производ на клупската академија и беше дел од младинските категории од 2015 до 2021 година. Во 2023 година се пресели во Барнли, каде што настапи на 73 натпревари и стекна искуство во Премиер-лигата.

Покрај клупските настапи, Трафорд има и 19 мечеви за младата репрезентација на Англија, со што дополнително ја зајакнува својата репутација како еден од најперспективните голмани на Островот.

CATEGORIES
Share This