СИРИЈА ПОВТОРНО ИЗВЕЗУВА СУРОВА НАФТА ПО 14 ГОДИНИ ВОЈНА – Прва пратка продадена на глобална компанија
До 2010 година земјата произведуваше околу 380.000 барели дневно, но граѓанската војна што избувна во 2011 година ја уништи економијата и нафтената индустрија.

Сирија испрати прва пратка тешка сурова нафта за извоз по речиси 14 години, соопшти Министерството за енергетика. Купувач е глобалната трговска компанија „Б Серф Енерџи“, јави Ројтерс.
До 2010 година земјата произведуваше околу 380.000 барели дневно, но граѓанската војна што избувна во 2011 година ја уништи економијата и нафтената индустрија.
По соборувањето на Башар ал-Асад во декември лани, новата исламистичка влада најави програма за економска обнова. Дел од нафтените полиња се под контрола на Курдите, кои во почетокот испраќаа нафта кон Дамаск, но односите се влошија поради политички несогласувања
CATEGORIES Свет


