СИНОЌА НА ЈАХОРИНА – Обид за убиство на Аца Лукас и неговиот возач

Инцидентот следи по бурните реакции на социјалните мрежи за фотографијата на Лукас со Насер Ориќ

СИНОЌА НА ЈАХОРИНА – Обид за убиство на Аца Лукас и неговиот возач
Фото: Принтскрин

Српскиот пејач Аца Лукас на Инстаграм објави дека синоќа на Јахорина се обиделе да го убијат него и неговиот возач.

„По синоќешниот настап на Јахорина, се обидоа да ме убијат мене и мојот возач. Едвај се спасивме живи“, напиша Лукас на Инстаграм.

Помалку од два месеци претходно, фотографија на која се гледа Лукас со Насер Ориќ предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Поради инцидентот, Јахорина официјално го откажа настапот на Лукас, соопштувајќи го тоа преку својот Инстаграм профил.

CATEGORIES
Share This