СИНГАПУР ГО ИМА НАЈМОЌНИОТ ПАСОШ ВО СВЕТОТ – Македонија е на 38 то место

Моќта на пасошот ја одразува политичката стабилност, дипломатскиот кредибилитет и економската моќ.

СИНГАПУР ГО ИМА НАЈМОЌНИОТ ПАСОШ ВО СВЕТОТ – Македонија е на 38 то место
Фото: Национал

Најмоќниот пасош во светот го има Сингапур, со безвизен пристап до 192 од вкупно 227 дестинации, покажува најновиот глобален индекс за пасоши. На второто место се Јапонија и Јужна Кореја, чии државјани можат да патуваат без виза во 188 земји, објави CNN.

Веднаш зад нив се европските земји Данска, Луксембург, Шпанија, Шведска и Швајцарија, кои го делат третото место со пристап до 186 дестинации. На четвртата позиција се десет европски земји, меѓу кои Австрија, Белгија, Финска, Франција, Германија и Италија, со безвизен пристап до 185 дестинации.

Хрватска се најде на шестото место, со безвизен пристап до 183 земји, позиција што ја дели со Чешка, Естонија, Малта, Нов Зеланд и Полска. Македонија е на 38 то место.

Најголем напредок во 20-годишната историја на индексот забележаа Обединетите Арапски Емирати, кои од 2006 година добиле 149 нови безвизни дестинации и напредувале за 57 места. Наспроти тоа, Обединетото Кралство бележи најголем годишен пад, со осум дестинации помалку и вкупно 182.

САД се вратија на десеттото место, со 179 дестинации, додека уште 37 земји имаат слично ниво на патна слобода.

Експертите посочуваат дека силата на пасошот е директно поврзана со геополитиката. „Моќта на пасошот ја одразува политичката стабилност, дипломатскиот кредибилитет и влијанието врз меѓународните правила“, наведува новинарот и академик Миша Глени.

На дното на листата се наоѓа Авганистан, чиј пасош овозможува безвизен пристап само до 24 дестинации, по што следуваат Сирија со 26 и Ирак со 29. Разликата меѓу најмоќниот и најслабиот пасош изнесува 168 дестинации.

Според Кристијан Х. Келин, претседател на Henley & Partners, глобалната мобилност продолжува да расте, но придобивките сè повеќе се концентрирани кај економски најсилните и политички најстабилните држави.

CATEGORIES
TAGS
Share This