СИЛНО ПАРТНЕРСТВО И ДОВЕРБА – Македонија како кредибилен сојузник
Продлабочување на соработката, премиерот реафирмираше заложби за натамошно унапредување на партнерството со Алијансата.

Фото: Социјаслни мрежи
Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на која била потврдена цврстата определба на земјата за натамошно продлабочување на соработката со Алијансата и за активен придонес кон регионалната и глобалната безбедност.
Во објава на Фејсбук по состанокот, Мицкоски информираше дека разговорите биле посветени на актуелните безбедносни предизвици, улогата на Алијансата во зачувувањето на стабилноста и мирот, како и на учеството на државата во системот на колективна одбрана.
Тој нагласи дека средбата претставува потврда за силното партнерство и меѓусебната доверба, како и за заложбата земјата да продолжи да дејствува како кредибилен и одговорен сојузник во рамките на НАТО.
CATEGORIES Македонија


