СИЛНИ ВЕТРОВИ И ДОЖД ВО ДЕЛОВИ ОД ЗЕМЈАТА Студено време се очекува до среда

СИЛНИ ВЕТРОВИ И ДОЖД ВО ДЕЛОВИ ОД ЗЕМЈАТА Студено време се очекува до среда

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и засилен северен ветер. На одредени места, поривите ќе достигнуваат над 60 километри на час, предупредуваат метеоролозите.

Минималната температура изутрина се движеше од 5 до 11 степени, а дневните максимуми ќе бидат пониски од вообичаените за овој период – меѓу 9 и 16 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен локален дожд и засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне околу 13 степени.

Променливото и ветровито време ќе продолжи до среда, со пониски температури и повремени врнежи. Од четврток следува стабилизација на времето, со разведрување и постепен пораст на дневните температури, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

CATEGORIES
Share This