СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ГО ПОТРЕСЕ СКОПЈЕ И ОКОЛИНАТА – Жители излегуваат на улица

Потресот траел околу десетина секунди и бил особено изразен на повисоките катови

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ГО ПОТРЕСЕ СКОПЈЕ И ОКОЛИНАТА – Жители излегуваат на улица
Фото: Принтскрин

Вечерва се почувствува силен земјотрес во Скопје, со јачина од 4,3 до 4,9 степени според рихтеровата скала, според првичните податоци од сеизмолошките страници.

Епицентарот бил околу 15 километри северно од Тетово, во општина Теарце. Жителите известуваат дека потресот бил силен, предизвикал паѓање предмети од полици и траел околу десетина секунди.

Според пријавите на социјалните мрежи, земјотресот се почувствувал во 22:06 часот. Во повеќе делови на Скопје луѓето излегле на улиците, а тресењето било поизразено на повисоките катови од зградите. Земјотресот е почувствуван и во западните и централните делови на Македонија.

Се очекуваат официјални податоци од Сеизмолошката опсерваторија.

CATEGORIES
TAGS
Share This