СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС 5,3 СТЕПЕНИ ВО РЕГИОНОТ НА СВЕТА ГОРА Почувствуван во Република Македонија и Егејска Македонија

Овој потрес претставува најсилен земјотрес во регионот од минатото лето, кога започна сеизмичката активност на Света Гора.

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС 5,3 СТЕПЕНИ ВО РЕГИОНОТ НА СВЕТА ГОРА Почувствуван во Република Македонија и Егејска Македонија
Фото: Принтскрин

Попладнево во 14:46 часот по македонско време, во морскиот дел на Света Гора е регистриран земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.

Според податоците од Геодинамичкиот институт и Сеизмолошката станица при Универзитетот „Аристотел“ во Солун, епицентарот се наоѓал 7 километри западно од Кареја, на длабочина од 12,5 километри.

Овој потрес претставува најсилен земјотрес во регионот од минатото лето, кога започна сеизмичката активност на Света Гора.

Земјотресот силно се почувствува на целиот полуостров Халкидики, во градот Солун, како и во крајбрежните области на Кавала.

Земјотресот со епицентар во Егејска Макеоднија го регистрира и Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, преку сеизмолошките станици распоредени низ територијата на државата и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, најзначајниот земјотрес е забележан во 14:46 часот, со епицентар на околу 290 km југоисточно од Скопје и со локална магнитуда од ML 5.2 според Рихтеровата скала.

Овој земјотрес беше почувствуван во југоисточниот дел на државата, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала (EMS).

CATEGORIES
Share This