СИЛЕН СТАРТ НА ГОДИНАТА – 20 отсто од планираните капитални инвестиции веќе реализирани

Во првите два месеца од 2026 година реализирани се 8,1 милијарди денари, што е за 5,2 милијарди повеќе од истиот период лани.

СИЛЕН СТАРТ НА ГОДИНАТА – 20 отсто од планираните капитални инвестиции веќе реализирани
Фото: Принтскрин

Во првите два месеца од 2026 година е забележан значителен раст на реализацијата на капиталните инвестиции, кој изнесува 179,7 отсто. Според податоците за извршување на буџетот заклучно со 27 февруари, реализирани се вкупно 8,1 милијарди денари, што претставува зголемување од 5,2 милијарди денари во споредба со истиот период лани, информираат од Министерството за финансии.

Како што посочуваат од Министерството, со Буџетот за 2026 година капиталните расходи се планирани на ниво од 40,1 милијарди денари. Средствата се наменети за реализација на инфраструктурни и енергетски проекти, капитални зафати во сообраќајот, како и проекти од областа на комуналната и локалната инфраструктура, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Дополнително, предвидени се 2,1 милијарди денари за капитални проекти во општините.

Од вкупно планираните средства, во првите два месеца од годината реализирани се 8,1 милијарди денари, односно 20,12 отсто од годишниот план. Од Министерството оценуваат дека ваквата динамика на реализација е во согласност со проекциите и планираното темпо на буџетското извршување.

CATEGORIES
Share This