СИЛЕН ПАД НА ЕВРОПСКИТЕ БЕРЗИ Причините зголемување на цената на нафтата
Пад е забележан и на азиските берзи.

На европските берзи утрово цените на акциите значително паднаа, поради загриженоста на инвеститорите дека силниот раст на цените на нафтата може да ја зголеми инфлацијата и да ја забави светската економија.
Индексот STOXX 600 во 9:30 часот беше во минус од 2,3%, по падот од повеќе од 4% минатата недела. Лондонскиот FTSE се намали за 1,73% на 10.106 поени, DAX во Франкфурт падна за 2,61% на 22.976 поени, а парискиот CAC за 2,48% на 7.795 поени. Пад е забележан и на азиските берзи. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции беше во минус од над 2%, додека берзите во Шангај, Хонг Конг, Индија, Австралија, Јапонија и Јужна Кореја забележаа пад од 0,7 до 6%
CATEGORIES Бизнис


