СИЛЕН АВИОПРОБИВ – Македонија отвора 22 нови авиорути во Европа

Сè поголемиот број патници ја потврдува зголемената улога на македонските аеродроми.

СИЛЕН АВИОПРОБИВ – Македонија отвора 22 нови авиорути во Европа
Фото: Принтскрин

Авиосообраќајот во Македонија доживува силен раст. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска на својот профил на Фејсбук истакна дека се отворени 22 нови авиорути кои ја поврзуваат Македонија со различни европски дестинации.

Тој додаде дека аеродромите во земјата, со сè поголем број патници, стануваат водечки во регионот и најави дека во наредниот период ќе следуваат уште повеќе активности за дополнително зајакнување на авиосообраќајот.

CATEGORIES
Share This