СИЉАНОВСКА ОДДАВА ПОЧИТ ЗА СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – Академија вечерва, церемонија утре
Претседателката Сиљановска-Давкова со официјално обраќање вечерва во 18:30 часот

Во пресрет на празникот посветен на Свети Климент Охридски, вечерва во Музејот на македонската борба ќе се одржи свечена академија под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Настанот ќе биде отворен со официјално обраќање на претседателката, закажано за 18:30 часот.
Одбележувањето продолжува утре со традиционалното положување цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски во дворот на НУБ „Св. Климент Охридски“. Церемонијата ќе започне во 11:30 часот, а на неа ќе присуствуваат делегации од Кабинетот на Претседателот, Собранието, Владата, Армијата, МПЦ-ОА, како и претставници на државни институции, дипломатски мисии и политички партии.
Празникот Св. Климент Охридски е државен празник и претставува еден од најзначајните датуми во македонскиот културен и духовен календар.


