Швајцарските гласачи ќе се изјаснат за две национални прашања на референдум закажан за 14 јуни. Меѓу нив е и иницијативата на крајно десничарската Швајцарска народна партија за ограничување на населението во земјата на најмногу 10 милиони жители, како и реформа на државната служба.
Иницијативата под наслов „Не за 10 милиони Швајцарија“ има цел до 2050 година да се ограничи бројот на постојани жители. Како што пренесува порталот „Swissinfo“, предлогот ја обврзува владата и парламентот да преземат конкретни мерки доколку населението ја надмине границата од 9,5 милиони. Според минатогодишниот попис, Швајцарија моментално има нешто повеќе од 9 милиони жители.
Федералната влада и парламентот ја отфрлија иницијативата, без да понудат контра-предлог.
Второто референдумско прашање се однесува на реформа на државната служба, која веќе е одобрена од Парламентот. Таа предвидува намалување на годишниот број на лица кои од армијата преминуваат во државна служба, од околу 6.600 на приближно 4.000.
Против реформата се изјаснија повеќе организации, меѓу кои Младите зелени и здружението „Цивива“, кои собраа околу 57.000 потписи. Тие предупредуваат дека предложените измени фактички водат кон „укинување на државната служба“.
Швајцарската влада вчера официјално го потврди датумот на одржување на референдумот.