ШУМИТЕ ВО ФОКУС: Министерството најави нов закон за природата

Новата регулатива треба да одговори на современите еколошки предизвици.

ШУМИТЕ ВО ФОКУС: Министерството најави нов закон за природата
Фото: Принтскрин

По повод 21 Март, Светскиот ден на шумите, министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа соопшти дека во наредниот месец ќе започне јавната расправа за новиот Закон за заштита на природата. Со ова законско решение значително ќе се унапреди заштитата на природните екосистеми, со посебен фокус на зачувувањето на шумите.

Шумите се еден од највредните природни ресурси, кои не само што се дом на богат биодиверзитет, туку обезбедуваат чист воздух и вода и имаат клучна улога во справувањето со климатските промени. Нивната заштита и одржливо управување се од суштинско значење за зачувување на природната рамнотежа и долгорочната еколошка стабилност на државата.

Од Министерството упатија повик до институциите, експертската јавност и граѓанскиот сектор активно да се вклучат во претстојниот консултативен процес. Заштитата на природата е заедничка одговорност и вложување во иднината, поради што е потребно широко учество во креирањето на квалитетно и сеопфатно законско решение кое ќе одговори на современите еколошки предизвици.

CATEGORIES
Share This