ШТО ЗНАЧАТ БОИТЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ЈАЈЦА – Овој факт ќе ве изненади

Традиција што ја поврзува фамилијата и вера и радост во секое јајце.

ШТО ЗНАЧАТ БОИТЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ЈАЈЦА – Овој факт ќе ве изненади
Фото: Принтскрин

Велигденските обичаи се полни со симболика, а бојадисувањето јајца е еден од најважните ритуали што се пренесува од генерација на генерација. Иако многумина денес го прават само по традиција, зад овој чин се крие длабоко значење.

Според народното верување, идеалниот број на јајца што треба да се бојадиса е 33, што ја симболизира возраста на Исус Христос. Се верува дека тој број носи благослов, заштита и духовна рамнотежа во домот. Во практика, семејствата често бојадисуваат онолку јајца колку што им се потребни за домашните, гостите и за традиционалното кршење.

Често се поставува и прашањето дали бројот на јајца треба да биде парен или непарен. Народниот обичај не бара строго придржување кон бројките. Поважно е ритуалот да се изврши со вера, радост и семејна топлина.

Посебно значење има и изборот на боите. Првото јајце, црвеното, чуваркуќа, го симболизира животот, љубовта и Христовата жртва. Зелената боја асоцира на пролет, обновување и нов почеток, жолтата ја претставува светлината и радоста, а сината носи мир и духовност.

И покрај промените на времето, овој обичај останува важен дел од велигденската традиција. Бројот на јајца и боите можат да варираат, но суштината е иста и да се создаде атмосфера на заедништво, вера и празнична радост во домот.

CATEGORIES
Share This