ЧЕТ-БОТОВИ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА Што никогаш не треба да споделувате со нив?

Алатките со вештачка интелигенција како ChatGPT, Gemini или Perplexity сè повеќе стануваат дел од нашето секојдневие. Но, користењето на овие алатки носи и потенцијални безбедносни ризици – особено ако несвесно споделите чувствителни податоци.
Што не треба да внесувате?
Лични податоци
Избегнувајте внесување на име, адреса, матичен број, број на лична карта, пасош или фотографии од документи.
Финансиски информации
Не внесувајте броеви на картички, банкарски сметки или лозинки. Користете измислени примери ако барате финансиски совети.
Лозинки и доверливи податоци
Никогаш не споделувајте лозинки или пристапни информации за лични или службени системи.
Тајни или приватни информации
Чет-ботовите не се исповедници – избегнувајте разговори за лични проблеми, здравствени состојби или семејни прашања.
Информации за работното место
Не споделувајте доверливи деловни документи или внатрешни информации.
Експлицитна или сомнителна содржина
Прашања со сомнителна природа може да бидат регистрирани и да предизвикаат последици.
Медицински информации
Користете општи прашања, без откривање на лични здравствени податоци.
Совет:
Секогаш размислете: „Дали би му го кажал ова на непознат човек?“ Ако одговорот е „не“, не му го кажувајте ни на чет-бот.


