ШТО НЕ СЕ ПРАВИ НА БАДНИК – 6 народни забрани за среќна година

Традиционални обичаи на Бадник – бадниково дрвце, слама, погача и вечерна служба

ШТО НЕ СЕ ПРАВИ НА БАДНИК – 6 народни забрани за среќна година
Фото: Принтскрин

Утре, 6 јануари, православните верници го слават Бадник, еден од најсветите денови во Божиќниот циклус. Тој е последен ден од Божиќниот пост, време за чистење на душата и телото пред најголемиот христијански празник – Раѓањето на Исус Христос.

Бадник не е само подготовка за Божиќ, туку е исполнет со длабока симболика и обичаи што носат пораки за заедништво, љубов и радост. Секој момент од внесувањето на бадниковото дрвце до посната вечера има свој смисол.

Традиционални обичаи на Бадник:

-Бадниково дрвце: Утрината домаќинките носат гранче од млад даб или бадниково дрвце. Се внесува со благослов и се става крај огништето или на место покрај иконите. Тоа симболизира дрво што пастирите го донеле во пештерата за да го загреат новородениот Христос и носи плодност, здравје и благосостојба.

– Слама: Во домот се става слама на под или на трпезата, потсетувајќи на Христовите јасли.

-Погача или лепче: Домаќинката меси посна погача, која ќе се крши и ќе се благослови на Божиќ.

-Вечерна служба: Верниците се собираат во црква, се пали бадникот, кој симболизира светлината на Христовото раѓање.

-Посна трпеза: Традиционалната вечера е строго посна: жито, кисела зелка, риба, пити со ореви, суви сливи или јаболка. Така завршува 40-дневниот Божиќен пост.

Шест работи што не смеат да се прават на Бадник, според народните верувања:

-Кавга и расправии: Денот е на мир и љубов. Лутењето и викањето носат немир цела година.

-Мрзливост: Народот вели: „Што правиш на Бадник, така ќе ти биде целата година.“ Вредноста и трудот носат успех.

-Мрсна храна: Месо и млечни производи се строго забранети – денот е последен од постот.

-Изнесување предмети од куќата: Парите или било какви предмети не смеат да се изнесуваат, за да не се однесе среќата од домот.

-Грди зборови и пцовки: Лошиот јазик носи негативна енергија цела година.

-Позајмување или враќање пари: Верувањето е дека куќата се „празни“ и се однесува благосостојбата.

Духовна порака е дека Бадник е круна на постот, време за молитва, простување и преиспитување на постапките. Со чиста душа се дочекува Божиќ, светлината што доаѓа во мракот и радоста на Раѓањето на Спасителот.

Среќен Бадник! Нека вашиот дом биде полн со мир, љубов и благослов.

CATEGORIES
Share This