ШПАНИЈА-ПОРТУГАЛИЈА Големото финале во Минхен
Финалето на Лигата на нациите меѓу Шпанија и Португалија се игра во недела (од 21 часот), во Минхен. Натпреварот за третото место на годинашниот фајналфор-турнир меѓу Германија и Франција ќе се игра, исто така, в недела (од 15 часот), во Штутгарт.

Шпанија и Португалија ќе играат во финалето на Лигата на нации.
Актуелниот европски првак, Шпанија, обезбеди пласман во финалето на Лигата на нации, откако синоќа во полуфиналето во Штутгарт ја победи Франција со 5:4 (2:0).
За Шпанија стрелуваа Нико Вилијамс во 22. минута, Микел Мерино во 25., Ламин Јамал од пенал во 54. и повторно во 67. минута, како и Педри во 55. минута. Кај Франција головите ги постигнаа Килијан Мбапе од пенал во 59. минута, Рајан Черки во 79., Дани Вивијан си даде автогол во 84. и Рандал Коло Муани во судиското продолжение. Претходно во средата Португалија стана првиот финалист, по победата во полуфиналниот дуел со Германија, со 2-1, во Минхен.
Ова ќе биде третото финале за Шпанија во ова натпреварување, каде ќе бараат втора титула. Во недела во Минхен ќе им се спротивстави Португалија, која исто така се бори за втор трофеј во Лигата на нации, откако првпат славеше во 2019 година во Порто.
Со оваа победа, Шпанија ја продолжи неверојатната серија од 21 натпревар без пораз во сите натпреварувања – со 16 победи и пет реми поткако последен пат загуби од Шкотска во квалификациите за ЕП во март 2023 година.
Финалето на Лигата на нациите меѓу Шпанија и Португалија се игра во недела (од 21 часот), во Минхен. Натпреварот за третото место на годинашниот фајналфор-турнир меѓу Германија и Франција ќе се игра, исто така, в недела (од 15 часот), во Штутгарт.


