ШПАНИЈА ОСТАНУВА БРОЈ 1 – Македонија на 66. место

Македонија останува на 66. место со 1378.57 бодови, без промена од ноемвриското рангирање

ШПАНИЈА ОСТАНУВА БРОЈ 1 – Македонија на 66. место
Фото: Принтскрин

Македонската фудбалска репрезентација ја заврши 2025 година на 66. место на ФИФА ранг-листата, исто како и претходно, со 1378.57 бодови.

На врвот остана Шпанија, пред Аргентина, Франција и Англија. Од последното рангирање на 19 ноември, беа одиграни само 42 меѓународни натпревари, па промените во ранкингот беа минимални.

Португалија е шеста, Холандија седма, Белгија осма, Германија девета, а Хрватска десета. Следната ранг-листа ќе биде објавена на 19 јануари 2026 година.

CATEGORIES
Share This