ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ – АХВ спречи увоз на 50 тони опасна храна
Голем Ризик за потрошувачите е доколку 50 тони небезбедна храна стигне до пазарот.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата недела на граничните премини спречи увоз на 50 тони храна што не ги исполнувала безбедносните стандарди и требала да се пласира на македонскиот пазар.
Официјалните ветеринари на граничниот премин Ќафасан забранија увоз на 27 тони говедско мелено месо од Парагвај. Проверката во информативниот систем на АХВ и анализа на увозната документација покажаа дека месото потекнува од објект кој не е одобрен од АХВ, што создава сомнежи за здравствената исправност и претставува ризик за потрошувачите.
Исто така, инспекторите за храна забранија увоз на 22 тони ореви од Казахстан поради несоодветно означување и несоодветност со прописаните критериуми за квалитет и безбедност. Целата количина била вратена во земјата на потекло и не смее да се пласира на македонскиот пазар.
АХВ нагласува дека контролите на увозот на храна ќе продолжат со засилено темпо, а увозниците мора строго да ги почитуваат законските регулативи и стандарди, бидејќи здравјето на граѓаните е врвен приоритет на институцијата.


