ШОКАНТНИ ЦЕНИ НА БИЛЕТИТЕ ЗА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО 2026 Дали сте подготвени да платите до 10 пати повеќе?

Светското првенство во фудбал за 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, веќе предизвика големо внимание, иако сè уште не се знаат ни половината од учесниците. Со жрепката која ќе се одржи за два месеца, навивачите се во неизвесност за тоа кога и каде ќе се одржат натпреварите. Сепак, билетите за овој голем настан веќе се пуштени во продажба, а цените се навистина шокантни.
Првата фаза на продажба започна минатата недела, а традиционалната ФИФА лотарија, која беше отворена пред еден месец, привлече дури 4.5 милиони пријави. Овие среќници, доколку бидат извлечени, ќе добијат можност да купат билети во наредните денови. Ценовниот распон е значителен, со билети за групната фаза кои започнуваат од 100 долари, па сè до неверојатни 6.730 долари за финалето.
Оваа прва фаза на продажба нуди најниски цени, но се очекува тие да растат со приближувањето на турнирот и почетокот на препродажбите. Специјалните билети за отворањето на турнирот и првиот натпревар се достапни по цени од 560 долари за најевтините места, а до 2.735 долари за најскапите. За натпреварите во групната фаза, цените варираат од 100 до 575 долари, додека за осминафиналето, билетите се движат од 220 до 890 долари.
Цените продолжуваат да растат и за четвртфиналето, каде што најевтините билети се 410 долари, а најскапите достигнуваат 1.690 долари. Полуфиналето ќе ве чини од 455 до 2.780 долари, а натпреварот за третото место е значително поевтин, со цени од 165 до 1.000 долари. На крајот, за финалето, цените започнуваат од 2.030 долари и можат да достигнат до 6.370 долари за најдобрите места. Овие цени се дури и до 10 пати повисоки од оние во Катар, што предизвикува загриженост меѓу навивачите.


