ШОКАНТНА ЗЛОУПОТРЕБА ОД АРБЕН ТАРАВАРИ – Сала за 50.000 евра ја изградил за 750.000 евра
окументите говорат дека салата на општинскиот совет чинеше 15 пати повеќе од реалната цена

ВЛЕН обвинува дека Во Гостивар е регистрирана една од најголемите финансиски злоупотреби во историјата на локалната самоуправа во Северна Македонија. Салата на општинскиот совет, која технички и функционално можеше да се изгради за максимум 50 илјади евра, беше изградена по скандалозна цена од околу 750 илјади евра.
Ова не е грешка, ниту интерпретација. Ова е сериозна злоупотреба на јавни средства. Документите постојат, бројките се јасни, а потписот е на Арбен Таравари.
Ваква злоупотреба не е забележана во ниту една друга општина во Северна Македонија, ниту во регионот. Ова е доказ за институционална неодговорност и злоупотреба на јавниот интерес. Одговорноста не е апстрактна – таа има име и презиме: Арбен Таравари.
ВЛЕН зборува со факти, а фактите не можат да се сокријат или релативизираат. Моделот на управување што го искусија граѓаните на Гостивар е јасен: луксуз за власта, сиромаштија за граѓаните; неконтролирано трошење, одсуство на одговорност и презир кон јавниот интерес.
На 11 јануари граѓаните на Гостивар ќе донесат одлука. Тие ќе го поддржат Невзат Бејта и ќе ја испратат на политичкото дно политичката клика на Арбен Таравари, исто како што се распадна неговата коалиција НАИ на 11 октомври.
ВЛЕН не прикрива криминал, не релативизира корупција и не преговара со вистината. Гостивар заслужува правда, чесност и нов почеток. Времето за злоупотреба заврши.


