ШОКАНТНА СЦЕНА ВО БЕРЛИН: Германската полиција апси 13-годишно девојче со раце на очи
Од страна на берлинската полиција засега нема официјален коментар за инцидентот.

Фото: Принтскрин
На социјалните мрежи се шири видео од протест во Берлин во поддршка на Палестина, на кое се гледа моментот кога полицијата приведува 13-годишно девојче.
Според објавите, полицајците ја приведуваат девојката и ѝ ги покриваат очите додека ја водат кон полициско возило. Видеото предизвика бурни реакции кај јавноста, особено поради возраста на приведената и начинот на кој била третирана.
Сцената предизвика шок и револт кај бројни корисници на социјалните мрежи, кои сметаат дека е недозволиво малолетна активистка, која мирно протестира, да биде третирана како опасен престапник.
Од страна на берлинската полиција засега нема официјален коментар за инцидентот.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест


