ШОК ЗАКАНА ЗА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ – Трамп даде 48 часа, Иран возврати
Иранската армија одговори со закани и цел на ударите ќе бидат сите американски и регионални енергетски објекти.

Американскиот претседател Доналд Трамп му даде на Иран рок од 48 часа да го отвори Ормускиот теснец, во спротивно САД ќе започнат да ги уништуваат иранските електрани.
„Доколку Иран не го отвори целосно теснецот во рок од 48 часа, Соединетите Американски Држави ќе ги нападнат и уништат неговите електрани, почнувајќи од најголемата“, изјави Трамп.
Ормускиот теснец е важна транзитна точка за околу една петтина од светските залихи на нафта и течен природен гас. Поради заканите од ирански напади, многу бродови избегнуваат да минуваат низ теснецот, што минатата недела доведе до зголемување на цените на гасот во Европа за 35%.
Иранската армија возврати дека ќе ги таргетира енергетската инфраструктура и постројките за десалинизација во регионот доколку САД ги остваруваат заканите за уништување на термоелектраните.
„Доколку непријателот ја нападне нафтената и енергетската инфраструктура на Иран, целта ќе бидат сите енергетски, ИТ и десалинизациски објекти што им припаѓаат на САД и на нивниот регионален режим“, изјави Катам ал-Анбија, портпарол на оперативната команда на иранската армија.
Пред заканата од САД, две ирански ракети погодиле два града во јужен Израел, еден од нив во близина на нуклеарен истражувачки центар, повредувајќи над 100 луѓе и предизвикувајќи значителна материјална штета. Најмалку 88 лица биле повредени во градот Арад, од кои десет се во сериозна состојба.
Земјите од Персискиот Залив, вклучувајќи ги Обединетите Арапски Емирати, силно зависат од десалинизацијата, процесот на претворање морска вода во вода за пиење. Овие постројки овозможуваат постоење на луксузни терени за голф, водни паркови и скијачки центри во пустински услови, но истовремено претставуваат стратешка ранливост.
Стотици постројки во Заливот снабдуваат вода за околу 100 милиони луѓе. Додека Иран добива вода од реки и подземни извори, другите земји имаат ограничени природни извори на свежа вода. Некои земји, како Кувајт, Оман и Бахреин, речиси целосно зависат од десалинизацијата за вода за пиење.


