ШОК ВО ИРАН – Израел го ликвидираше Али Лариџани

Лариџани, де факто лидер на Иран, убиен во нападот што ја тресе целата држава.

ШОК ВО ИРАН – Израел го ликвидираше Али Лариџани
Фото: Принтскрин

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, потврди дека во ноќен воздушен напад бил убиен Али Лариџани, шефот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран.

Лариџани се сметал за де факто лидер на Иран по атентатите врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, како и врз командантот на паравоената група Басиџ, Голамреза Сулејмани.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во нападот биле убиени и командантот Сулејмани, неговиот заменик и други високи функционери. Сè уште се проверуваат резултатите од нападите врз Лариџани и лидерот на палестинскиот исламски џихад, Акрам ал-Аџури.

CATEGORIES
TAGS
Share This