ШОК ВО ФУДБАЛСКА ЕВРОПА – Италија трет пат по ред без Мундијал

Медиумите ја осудуваат репрезентацијата пишувајќи за Италија од шампиони до второкласни.

ШОК ВО ФУДБАЛСКА ЕВРОПА – Италија трет пат по ред без Мундијал
Фото: Принтскрин

Италијанските медиуми жестоко ја критикуваа својата фудбалска репрезентација откако „аѕурите“ не успеаја да се квалификуваат на Светското првенство. Ова е третпат по ред што Италија го пропушта најголемиот фудбалски турнир, овојпат по поразот од Босна и Херцеговина.

„Нов неуспех за Италија, која стана второкласна репрезентација“, напиша „Спортмедиасет“.

Друг медиум потсетува дека ова е трето Светско првенство по ред без Италија и четврто во целата историја.

„Италијанската репрезентација со тоа постави тажен рекорд: четири титули светски шампиони, но пет пропуштени првенства. Ниту една друга голема репрезентација не доживеала вакво нешто“, се наведува во текстот.

РАИ ја нарече оваа ситуација „италијански кошмар“:

„Босна помина по пенали, а „аѕурите“ го пропуштаат третото Светско првенство по ред.“

Најинтересната анализа ја објави „Еуроспорт“, кој ги наведува петте главни причини за неуспехот. Според медиумот:

„Сите го мислевме тоа. Некои го кажаа со стискање на забите, други отворено го изразија своето незадоволство. Италија не можеше да слави, бидејќи ја доби Босна наместо Велс како противник. Прославата на Ди Марко ни помина преку глава…“

Очигледно, овој неуспех ќе остави трајни последици врз италијанската репрезентација. Засега останува неизвесно какви ќе бидат чекорите на тренерскиот штаб, особено откако Џенаро Гатузо минатиот октомври изјави дека ќе ја напушти селекторската позиција ако Италија не се квалификува на Светското првенство.

CATEGORIES
Share This