ШОК ВО БУНДЕСТАГОТ Мерц не е избран за канцелар, ова за првпат се случува во Германија

Бундестагот сега има рок од 14 дена да избере канцелар со апсолутно мнозинство. Ново гласање може да се одржи уште во вторник.

ШОК ВО БУНДЕСТАГОТ Мерц не е избран за канцелар, ова за првпат се случува во Германија

Лидерот на германските конзервативци, Фридрих Мерц, не успеа да обезбеди доволно гласови за да биде избран за нов канцелар на Германија во првиот круг од гласањето во Бундестагот, нешто што досега не се случило во историјата на сојузната република.

И покрај тоа што коалицијата помеѓу неговата партија ЦДУ/ЦСУ и Социјалдемократската партија (СПД) има мнозинство, Мерц освои само 310 гласови – шест помалку од потребните 316. Против неговиот избор гласаа 307 пратеници, додека тројца беа воздржани. Коалицијата располага со вкупно 328 пратеници, што дополнително го засилува изненадувањето од исходот.

Претседателката на Бундестагот, Јулија Клокнер, ја прекина седницата и најави консултации меѓу парламентарните групи за следните чекори. Според весникот Билд, ова е првпат именуван канцелар, кој веќе има постигнат коалициски договор, да не биде избран во првиот круг на гласање.

Бундестагот сега има рок од 14 дена да избере канцелар со апсолутно мнозинство. Ново гласање може да се одржи уште во вторник. Доколку ниту тогаш не се постигне договор, можно е Германија да се соочи со политичка нестабилност, а во краен случај да оди на нови избори.

Мерц ја предводеше ЦДУ/ЦСУ до победа на изборите во февруари, освојувајќи 28,5 отсто од гласовите. Социјалдемократите, со кои склучи коалициски договор, освоија само 16,4 отсто и остварија најслаб резултат во нивната повоена историја.

CATEGORIES
Share This