ШОК ВО АФРИКА: Сенегал ја изгуби титулата добиена на зелениот терен, Мароко шампион со олдука на зелената маса

CAF донесе одлука по жалбата на Мароко, Сенегал официјално прогласен за губитник.

ШОК ВО АФРИКА: Сенегал ја изгуби титулата добиена на зелениот терен, Мароко шампион со олдука на зелената маса
Фото: Принтскрин

Жалбениот комитет на Конфедерацијата на африкански фудбал (CAF) одлучи дека репрезентацијата на Сенегал го загубила финалниот натпревар од Африканскиот куп на нации против Мароко. Натпреварот официјално беше регистриран со резултат 3:0 во корист на Мароко, кои со тоа станаа шампиони.

Одлуката следува по жалбата на Мароканската фудбалска федерација, повикувајќи се на членови 82 и 84 од правилникот за Африканскиот куп на нации. Апелациониот комитет ја прифати жалбата, поништувајќи ја претходната одлука на Дисциплинската комисија.

Утврдена е одговорност на Сенегал за прекршување на правилата, поради што тимот е прогласен за губитник на натпреварот.

Да потсетиме, на финалето, одиграно на 18 јануари 2026 година, Сенегал го напушти теренот поради контроверзни судиски одлуки. Во третата минута од судиското продолжение, Сенегал постигна гол и поведе 1-0, но судијата Жан-Жак Ндала од ДР Конго го поништи голот поради сомнителен фаул. Неколку минути подоцна, судијата досуди пенал за Мароко по инцидент со Ел Хаџи Малик Диуф, што предизвика гнев кај сенегалските играчи. Селекторот Папе Тиау ги повлече играчите во соблекувалната, и играта на кратко прекина.

Сепак, по околу 20 минути, тимот се врати на теренот и продолжи натпреварот. Сенегал победи 1-0 со гол на Папе Гуеј во продолжението, но титулата им беше одземена со одлуката на CAF.

Сенегалската фудбалска асоцијација размислува да ја оспори одлуката пред CAS во Лозана, Швајцарија. Судот ќе ја испита дисциплинската постапка, околностите на финалето и правилата на натпреварот, и ќе донесе конечна одлука. CAS е највисоката инстанца за меѓународни фудбалски спорови.

CATEGORIES
Share This