ШОК СЦЕНИ НА ЛЕТОТ Птица го разнесе носот на авионот, патниците во паника
Снимки објавени на социјалните мрежи ја доловуваат драматичната атмосфера во кабината за време на инцидентот.

Авион на компанијата „Иберија“, модел Ербас, беше принуден да слета на аеродромот Барахас во Мадрид, откако птица удрила во носот на леталото и предизвикала сериозна штета, објави британскиот „Дејли меил“.
Летот IB579, кој беше наменет за Париз, бил принуден да се врати и слета нешто повеќе од еден час по полетувањето. По ударот, значителен дел од левата страна на носот на авионот бил оштетен и делумно откорнат.
На фотографии од местото може да се види како птицата завршила во еден од моторите, предизвикувајќи дополнителен страв кај патниците. Некои од нив, во паника, ги активирале кислородните маски, додека авионот кружел над Мадрид пред принудното слетување.
Снимки објавени на социјалните мрежи ја доловуваат драматичната атмосфера во кабината за време на инцидентот.


