ШОК ПО ВОВЕДУВАЊЕТО НА ЕВРОТО – Бугарите ги извлекуваат парите од банките

Во првите 24 часа од 2026 година биле регистрирани 933 илјади трансакции, од кои најголем дел за подигнување готовина

ШОК ПО ВОВЕДУВАЊЕТО НА ЕВРОТО – Бугарите ги извлекуваат парите од банките
Фото: Принтскрин

Во првите 24 часа од новата 2026 година, на денот кога Бугарија официјално го воведе еврото како платежна валута, граѓаните и лицата со банкарски сметки во земјата масовно ги повлекувале своите средства.

Според податоците на националниот систем за регистрација на безготовински плаќања „Борика“, на 1 јануари биле извршени повеќе од 125.000 подигнувања на готовина од банкомати. Во просек, по едно подигнување изнесувало 144 евра, а вкупно од банките биле извлечени околу 18 милиони евра.

Статистиката покажува дека во првите 24 часа од 2026 година биле регистрирани вкупно 933 илјади трансакции. Најголемиот дел од нив се однесувале на физичко подигнување пари од банкоматите, што значи дека трансакции и вадење евра се случувале на секои пет секунди.

Од „Борика“ информираат дека во текот на првиот ден од годината се реализирале во просек по 324 трансакции во минута, при што извлекувањата изнесувале по 25 евра.

CATEGORIES
Share This