ШОК НА МИТИНГ ВО БОГОТА Сенаторот Урибе погоден во глава
На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа како 39-годишниот политичар држи говор, кога одеднаш се слушаат истрели. На други снимки се гледа Урибе како лежи на земја, со видливи повреди и крв.

Сенаторот Мигел Урибе беше ранет во вооружен напад за време на политички митинг во западниот дел на Богота. Според властите, нападот се третира како атентат.
На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа како 39-годишниот политичар држи говор, кога одеднаш се слушаат истрели. На други снимки се гледа Урибе како лежи на земја, со видливи повреди и крв.
Градоначалникот на Богота, Карлос Галан, изјави дека Урибе веднаш бил пренесен во итна медицинска установа. Според здравствените власти, тој бил погоден со три куршуми, од кои два во главата.
Министерот за одбрана Педро Санчес, пред апсењето на осомничениот, понуди награда од 700.000 долари за информации што би помогнале во идентификацијата и апсењето на сторителите. Подоцна беше потврдено дека е уапсен осомничениот – 15-годишно момче, според весникот „Ел Тиемпо“.
Колумбиската влада, предводена од левичарскиот блок, остро го осуди нападот, нарекувајќи го „удар врз демократијата, слободата на мислата и правото на политичко учество“.
Мигел Урибе е член на конзервативната партија Демократски центар, чии лидер е поранешниот претседател Алваро Урибе (2002–2010). Својата кандидатура за нов мандат ја објави во октомври минатата година.


