ШЕСТ ПОЗНАТИ ЖЕНИ СЕ ВРАТИЈА ОД ИСТОРИСКОТО ПАТУВАЊЕ ВО ВСЕЛЕНАТА: Еве што Лорен Санчез прво го прашала својот вереник кога слетала на Земјата
Леталото е произведено од компанијата на Џеф Безос, чија сопруга Лорен Санчез беше дел од екипажот. По отворањето на вратата на капсулата на леталото при враќањето од мисијата, читателот на усни Никола Хиклинг, тврди дека го протолкувала она што Лорен Санчез прво го прашала својот вереник Џеф Безос

Ракетата „Њу Шепард“ која беше лансирана од Тексас во вселената на 14 април со шест членови на екипажот, меѓу кои Лорен Санчез, Гејл Кинг и Кети Пери го привлече вниманието на светската јавност. По враќањето на леталото чиј лет траеше само 11 минути, зборуваше и експертот за читање на усни, Никола Хиклинг.
Леталото е произведено од компанијата на Џеф Безос, чија сопруга Лорен Санчез беше дел од екипажот. По отворањето на вратата на капсулата на леталото при враќањето од мисијата, читателот на усни Никола Хиклинг, тврди дека го протолкувала она што Лорен Санчез прво го прашала својот вереник Џеф Безос.
Веднаш штом ја здогледал, Безос истрчал и паднал, но тоа не го спречило да ја прегрне својата вереница и да се поздрави со останатите членови на женската екипа. Она што Хиклинг го истакна е дека Лорен не се задржа долго во прегратките на Безос пред да му постави важно прашање.
„Лорен излезе од авионот, емотивно го прегрна Безос, а потоа го праша каде и се децата и Безос ја упатил каде треба да оди за да ги запознае нејзините три деца од претходните бракови – Ники, Еван и Ела“ – изјави Хиклинг.
По завршувањето на мисијата, Санчез за медиуми изјави дека Земјата „изгледала тивко“, како и дека се чувствува понизно и сега треба уште повеќе да ја заштити оваа планета. На прашањето дали мисли дека вселенските летови ќе станат достапни како комерцијалните летови одговори:
„Го познавам Џеф и го знам Блу Ориџин. „Blue Origin“ гради пат до вселената – рече Лорен.


