ШЕСТ ЧАСА ДО УДАР – Американските B-52 веќе летаат кон Иран, Техеран подготвува изненадувања

Енергетската инфраструктура во Саудиска Арабија и Обединети Арапски Емирати под потенцијална закана.

ШЕСТ ЧАСА ДО УДАР – Американските B-52 веќе летаат кон Иран, Техеран подготвува изненадувања
Фото: Принтскрин

Американски стратешки бомбардери Б-52 полетаа од воздухопловна база во Велика Британија и се упатија кон Блискиот Исток, при што се очекува да заземат позиции за потенцијален напад во рок од шест часа. Овие летала, кои можат да носат и нуклеарно оружје, се меѓу најмоќните во арсеналот на САД.

Бомбардерот Б-52 е во употреба уште од 1955 година и има учествувано во речиси сите големи воени конфликти од Виетнамската војна до современите операции на Блискиот Исток.

Во меѓувреме, иранскиот новински портал „Тасним“, повикувајќи се на воен извор, објави дека Техеран подготвува проширување на листата на цели во случај САД да нападнат цивилна инфраструктура.

Според изворот, потенцијални мети би можеле да бидат клучни енергетски објекти во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи ги капацитетите на „Saudi Aramco“, постројките во Јанбу и нафтоводот во Фуџаира.

„Подготвивме неколку изненадувања доколку заканите бидат реализирани“, изјавил изворот.

Тој додава дека Иран е подготвен за решителен одговор во случај на ескалација.

Тој ги оцени изјавите на американскиот претседател како знак на „очај и немоќ“, а не демонстрација на сила.

Аналитичарите предупредуваат дека евентуален напад врз енергетската инфраструктура во регионот би можел да предизвика сериозен шок на глобалниот пазар на нафта. Според проценките, цената на нафтата во таков сценарио би можела да достигне и до 200 долари за барел.

CATEGORIES
TAGS
Share This