СЕВЕРИНА ПРОСЛАВИ 53-ТИ РОДЕНДЕН „Се трудам да дадам повеќе отколку што добивам“

Сакам да се заблагодарам што верував во себе, што не се откажував, што секогаш се трудам да дадам повеќе отколку што добивам

СЕВЕРИНА ПРОСЛАВИ 53-ТИ РОДЕНДЕН „Се трудам да дадам повеќе отколку што добивам“

Хрватската музичка ѕвезда Северина денес го одбележува својот 53. роденден, а по тој повод им се обрати на обожавателите со инспиративна порака прекувидео објава на социјалните мрежи.

На својот Инстаграм профил, пејачката сподели кратко видео во кое весело танцува и рапува на песната „I Wanna Thank Me“ од американскиот рапер Снуп Дог.

Во видеото, Северина со насмевка на лицето го следи ритамот на музиката и ја користи песната како симболична благодарност до самата себе.

„Сакам да се заблагодарам што верував во себе, што не се откажував, што секогаш се трудам да дадам повеќе отколку што добивам“, вели пејачката во дел од пораката која ја сподели со своите следбеници.

Со оваа објава, Северина испрати силна и мотивирачка порака за самодоверба, упорност и љубов кон себе. Фановите ја преплавија со честитки и позитивни коментари, посакувајќи ѝ уште многу насмеани и успешни години.

Северина, која зад себе има децениска музичка кариера и бројни хитови, со ова видео уште еднаш покажа дека останува автентична и инспиративна личност на балканската сцена.

Северина Вучковиќ лани (30 март) на крајот на концертот во преполната сала „Борис Трајковски“ во Скопје порача:

„На крајот, имам само една желба, чувајте ја Македонија” – порача Северина.

CATEGORIES
Share This