СЕРИЈА КРИВИЧНИ ДЕЛА ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ – Убиство и тешки кражби
Нападот се случил во нејзиниот дом на 12.02.2026, каде што жената починала на местото.

На 13.02.2026 година околу 19:30 часот во село Драгоманце, Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Т.Б. (25) од село Малотино, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.
Според досегашните сознанија, тој се сомничи дека на 12.02.2026 година во домот на М.С. (78) од село Челопек физички ја нападнал, по што ја задушил со перница, при што таа починала на самото место.
Дополнително, осомничениот се поврзува и со извршување на повеќе кривични дела „тешка кражба“ во неколку села на подрачјето на општина Старо Нагоричане.
За настанот е известен надлежен јавен обвинител, а лицето е задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


