СЕНЗАЦИЈА ОД БРИСЕЛ: Почнува ново поглавје со Унгарија
Фон дер Лајен најави драматичен пресврт во односите со новата власт во Унгарија.

Европската комисија ќе започне засилена соработка со новата унгарска влада со цел спроведување на реформи и деблокирање на средствата од Европската унија наменети за Унгарија, изјави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.
На прес-конференција, фон дер Лајен нагласи дека е клучно ЕУ и новите унгарски власти да работат заедно околу реформите потребни за одмрзнување на финансирањето, истакнувајќи дека „унгарскиот народ го заслужува тоа“.
Во Унгарија, опозициската партија Тиса победи на парламентарните избори, а нејзиниот лидер Петер Маѓар, се очекува да биде назначен за нов премиер на почетокот на мај.
Според најавите, новата политичка ситуација во земјата би можела да отвори пат за обновување на дијалогот меѓу Будимпешта и Брисел околу блокираните европски фондови и реформските барања на ЕУ.
